29 здравствени работници од Клиниката за Нефрологија се заболени од коронавирус. Лабораторијата на МАНУ утврдува дали медицинскиот тим е заразен од британскиот сој, бидејќи временскиот период за кој заболеле лицата бил многу кус. Она кое не е јасно е начинот на кој се заразиле поради фактот што истите не работеле во Ковид центарот туку во т.н. „зелена зона“ и не биле во иста смена.
-Токму затоа во изминативе три дена повторно им се земени брисеви кои се доставени во лабораторијата на МАНУ каде ќе се прави секвенционирање кое треба да потврди дали тие заболеле од британската мутација на вирусот. Истовремено во МАНУ, по случаен избор, ќе се прави и секвенционирање на позитивните тестови кои кај нив се испраќаат од лабораториите низ целата држава, пренесува еден од нашите телевизиски медиуми.
Заразена е и директорката Ирена Бушлетиќ.