Медицинските сестри кои се позитивни на Ковид се повикани да работат во болниците низ Нов Јужен Велс, што е спротивно на државните здравствени протоколи. Сепак, раководителите на болниците прибегнуваат кон очајни мерки со цел здравствените установи да го издржат притисокот создаден од ширењето на омикрон, пишува лондонскиот весник „Гардијан“.
Во државата Нов Јужен Велс, јавните болници вклучуваат три локални здравствени области, вклучувајќи ги главните болници во Сиднеј и помалите регионални здравствени установи. Во една болница во Сиднеј, медицински сестри кои се позитивни на ковид се ангажирани да работат во одделенијата за ковид, меѓутоа, во други болници има случаи на работа со пациенти кои не се заразени.
За време на новогодишната ноќ во Нов Јужен Велс, беше објавено ослободување од протоколот за работниците кои треба да бидат во седумдневна изолација и нивно враќање на работа доколку им се дијагностицираат асимптоматски случаи и ако работодавачот ги прогласи за неопходни за извршување активности.
Сепак, портпаролот на Министерството за здравство потврди дека медицинските сестри позитивни на ковид не спаѓаат под ова ослободување.