62 годишен пациент починал од коронавирус откако примил две дози од вакцината „Синофарм. Оваа информација денеска излезе во јавноста, откако раководителот на тетовската болница д-р Гзим Нуредини, во изјава за еден наш македонски медиум посочил дека станува збор за човек кој имал три потешки хронични болести и дека најверојатно затоа не создал имунитет против ковид-19.
– Се работи за пациент на 62 годишна возраст, кој имал хронична бубрежна инсуфициенција, висок крвен притисок и кардиомиопатија. Бил вакциниран на 6 јули со „Синофарм“ и бил примен кај нас со тешка клиничка слика и поради и други коморбидитети пациентот почина. По вакцинирањето секако може да се случи инфекција и при имуниот одговор на вакцинацијата можеби имунолошката одбрана не била комплетна или пак, кај пациентот заради овие хронични болести не можел да се креира имун систем против ковид-19. Но, тоа не треба да биде демотивирачко за населението, се уште важи тоа дека е најдобро да се вакцинираат – истакнал Нуредини.