Седум починати од КОВИД-19 и 89 новозаболени пациенти се регистрирани во изминатите 24 часа, стои во статистиката на Институтот за јавно здравје. Вкупно се направени 727 тестови.
Починатите се по двајца од Скопје, Куманово и од Тетово и еден од Струга. Од новозаболените, најмногу, 35 се од Скопје, 27 од Штип, 12 од Куманово, седум во Тетово, во Кочани 4. По еден има од Прилеп, Гостивар, Гевгелија, Струмица и Свети Николе.
Оздравени се 17 пациенти.