Почитувани,

Здравствениот систем во Република Македонија, од ден во ден се повеќе станува приватен здравствен систем кој наместо кон пациентот единствено е ориентиран кон профитот. Владата на СДСМ и министерот за приватно здравство Венко Филипче се болест за јавното здравство.

Нема никаква реализација, ниту пак подготовка за реализација на бомбастично најавуваните проекти за подобрување на здравствениот систем кои ги вети СДСМ, туку единствено гледаме зајакнување на приватните здравствени болници, и во исто време континуирани обиди за деградирање на јавното здравство.

Таква е и последната идеја на комерцијалистот Зоран Заев и на министерот за приватно здравство, Филипче, за префрлање на државната детска кардиохирургија во приватна клиника, потоа давање на концесија на трансплантацијата на органи во приватни болници најавено како вид на јавно-приватно партнерство. И згора на сето тоа замислете, тие објавија тендер за т.н. физибилити студија за да се утврди дали треба да се приватизира и Итната медицинска помош и Домашната посета?!

Почитувани,

Го повикуваме министерот Филипче, јавно да потврди на македонските граѓани и на неговите пациенти дека, по завршувањето на неговиот мандат како министер за здравство, ќе остане барем 15 години да работи во јавното здравство, и дека нема веднаш по завршувањето на функцијата да продолжи да работи во приватна болница. Ова министерот за здравство, заменик министер за здравство и докторите од неговиот кабинет им го должат на граѓаните на Македонија бидејќи денес, со се што прават како т.н. реформа во здравството, тие единствено си го поплочуваат сопствениот пат за да преминат во приватна болница веднаш штом ќе им заврши мандатот.

СДСМ и министерот Венко Филипче, најавуваа спречување на кризите со недостаток на лекови, а граѓаните секојдневно се сведоци на недостаток на лекови на рецепта после 10-ти во месецот.

СДСМ и министерот, најавуваа укинување на економските директори и управните одбори на здравствените институции, и дека со овие средства ќе биде финансирано покачување на платите на лекарите и на здравствените работници. Денес сме сведоци дека економските директори се сменети само селективно, се назначуваат нови, а хонорарите на членовите на управните одбори се зголемени за повеќе од 30%. Сето ова во својот прес го посочи Игор Николов, член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ