Анонимна пациентка, пред некој ден во клиниката за детски респираторни болести, Козле, пред кабинетот за микробилогија со своето неколку месечно бебе, во услови на епидемија, заедно со група на родители чекале скоро еден час да се отклучи вратата на овој кабинет. Во рамките на болницата Козле функционира само еден ваков кабинет за земање на брисеви и тој беше заклучен.

Заедно со група на родители кои исто така имале здравствени проблеми со своите дечиња чекале дел од нив за резултати, дел од нив за брисеви, скоро неполн час. Никој од вработените на шалтер или персонал кој работи таму не знаел да објасни зошто е затворен кабинетот по Микробилогија и тоа трае толку време. На прашањето колку ќе трае, сите вработени кревале раменици?

После неполн час, во услови на епидемија, кога децата ако подолго време за задржуват на едно место постои можност да бидат изложени на разно разни инфекции, вируси кои ги има во рамките на болницата, бидејќи доаѓаат пациенти со секакви дијагнози, вратата од кабинетот за Микробилогија се отвори, излезе една од докторките или медицинскиот персонал која не беше заинтересирана да одговори што се случува. Потоа еден од родители проба да влезе, го испратија веднаш надвор во ходникот, медицинскиот персонал на Микробиологија од оваа установа искоментирал дека се на состанок и дека мора да почекаат уште малку пациентите иако се насобраа повеќе од 10-тина родители со своите дечиња.

На овој начин на функционирање и правење застој во сред работно време, додека сите чекаат за резултати, во период точно на пладне, се создава само хаос, можност децата да се изложат непотребно на вируси, во време на епидемија. Никој од надлежните не се појави да објасни, директорот на клиниката Ангелчо Андоновски, може и да не е запознаен со случајот.

Но, со ваквата негрижа за македонските пациенти, поготово за најкревката категорија од нив, децата, како е можно директорот на клиниката Козле, Ангелчо Андоновски, да не покажува интерес и желба да им помогне, исто како министерот за здравство Филипче.

Ваквото однесување само посочува и покажува недомаќинско водење и раководење, работење со здравствените институции во државата. А со вакво функцинирање, ништо чудно што епидемијата со морбили излегува вон контрола, а на повидок се заканува и епидемија од свински грип.

Каде е вашата хипократова заклетва директоре и министре? Вака не се води клиника и држава – посочуваат гневно родителите преку социјалните мрежи