12 годишно девојче не ги издржа компликациите од грипот почина на клиниката за детски болести. Девојчето имало церебрална парализа. Оваа недела и 86 годишен човек почина од грип. Тој немал претходни заболувања, но грипот кај повозрасните пациенти се ризични.
Оваа недела се зголемил бројот на болни од грип за 6 проценти во однос на минатата недела. За епидемиолозите загрижувачка е и состојбата со морибили. Бројот на болни расте, голем дел од пациентите се со компликации.
Освен во Скопје епидемија на морбили се прогласи во Куманово и Тетово. Во овие два града важат истите мерки што ги донесе комисијата за заразни заболувања. Невакцинираните деца имаат забрана за одење во градинка.
Додека епидемијата од морбили зема замав, министерот Филипче пресметува колку ќе профитира. Уште два града под епидемија, министерот спие, неспособен е да се справи со епидемијата, не бара меѓународна помош или од Светска Здравствена Организација. Граѓаните живеат во страв, социјалните мрежи вријат, коментарите не стивнуваат. Сето ова не допира до минситерството, бидејќи епидемијата се шири. – коментираат загрижени родители на социјалните мрежи