Манчев до Филипче: Градите куќа, а немате темел, каде ќе ги остваруваат пациентите овие права ако докторите ни бегаат од државата

Пратеникот Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ при заседавање на Комисија за здравство посочи до министерот за здравство Венко Филипче дека прво треба да се донесе закон…

Пратеникот Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ при заседавање на Комисија за здравство посочи до министерот за здравство Венко Филипче дека прво треба да се донесе закон за заштита на права на здравствени работници, а потоа закон за заштита на права на пациенти.

Почитуван министер иако декларативно во повеќе изјави или да не речам во секое ваше излагање изјавувате дека се залагате дека приоритет ви се докторите и здравствените работници, во пракса апсолутно тоа го негирате, појасни Манчев.

Манчев го запраша министерот Филипче зошто законот за права на пациентите се носи со европско знаменце, кои се причините?

Изјавувате дека ги браните, дека сте на страна на докторите, не може да носите закон за заштита на права на пациенти, а претходно да не донесеме закон за заштита на здравствени работници. Ја поддржувате политиката и на претходните министерства, а вие бевте први што изјавувате дека ќе ги зголемите правата на докторите и дека треба подобрени услови за работа. Не може да постои закон да ги унапредуваме минималните работи, а да немаме закон за права на докторите и закон за права на сите здравствени работници, додаде Манчев.

Манчев му посочи на министерот Филипче дека тој гради куќа, а да нема темел, каде ќе ги остваруваат пациентите овие права ако докторите ни бегаат од државата.


Related Articles