Недостатокот од лекари специјалисти во болниците и здравствените домови во земјата се решава со две мерки, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека едната мерка е да им се дозволи на докторите од болниците и клиниките од Скопје да работат во здравствените установи во другите градови каде има недостиг од одредена специјалност, а проблемот со недостиг на матични гинеколози ќе биде решен за две недели, со тоа што Фондот за здравство ќе им даде можност на специјалистите од болниците да бидат и матични гинеколози.

За овој проблем рече дека разговарале и со Клиниката за гинекологија и акушерство и со здружението на гинеколози но и со останатите здруженија, бидејќи во земјата има недостаток и од други специјалности како што се неврологија, офталмологија и оториноларингологија.

– „Со законските измени што ги направивме ќе може специјалисти од клиниките и од болниците од Скопје да одат и да даваат здравствени услуги во болниците и здравствените домови каде има ваков недостиг по однапред одреден распоред“, рече Филипче.

ГИНЕКОЛОЗИТЕ ОД БОЛНИЦИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА БИДАТ И МАТИЧНИ ГИНЕКОЛОЗИ ВО МЕСТАТА КАДЕ ШТО НЕМА, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕМинистерот не посочува како ќе се бираат кандидатите, кој и каде ќе биде распределен и тоа не е јасно, кој ќе ги донесува тие одлуки и врз база на што? Компетенција, блискост, стручност, услужливост или сега се моменти на криза нема доктори гинеколози, па кој каде стигне таму ќе биде пратен, тие поблиски до министерот на подобри позиции? Како објаснување го нема доставено ова министерот Филипче за да до крај бидат работите јасни за граѓаните и во склад со нивните потреби. Филипче за проблемот со недостиг на матични гинеколози рече дека се во фаза на подготовка за решение во целата земја.

– „На чекор сме од тоа гинеколозите од болниците да бидат и матични гинеколози за оние места и региони каде нема, односно Фондот да им даде печат и да даваат и вакви здравствени услуги. Таков е примерот со Прилепската болница, каде има само четворица гинеколози, од кои двајца заминуваат во пензија. Идејата е овие лекари да бидат и матични, не само за Прилеп, туку и за поширокиот регион, како што е Крушево, каде исто нема матичен гинеколог“, рече Филипче.

Според него најголем е проблемот со недостиг од матични гинеколози и дека ако треба лекарите ќе работат и втора смена, а сега Фондот бара начин како да им плати.

Многу недоречености и нејасни работи, а се воведува во практика и се започнува со имплементирање на одредени измени, промени и условно посочени подобрувања. Здравството според граѓаните не е гранка која може во од да се решава, треба стабилност, сигурни и стабилни одлуки и подршка и поткрепа на истите за да се реализираат. – коментираат граѓаните по социјалните мрежи