Вирусот Рота за само три дена зарази стотици лица само во село Теарце. Жителите се жалат на повраќање, висока температура и дијареа. Се сомневаат дека причина за тоа се храната или водата.
„Не знам што е, беше лекарот ми даде вакцина и не кажа ништо, лекарот треба да каже. Повраќам“, вели еден жител на Теарце.
Лекарите од локалната амбуланта велат дека третирале поголем број од заразените, дел се пренесени во клиничката болница во Тетово, додека два случаи завршиле на скопските клиники.
„Последните четири дена имаме голем број пациенти кои се јавуваат кај нас и се жалат на температура, повраќање и пролив. Се сомневаат во храната и водата за пиење. Од овој вирус, последните четири дена имаме околу 350 болни лица“, посочи Мајлинда Дервиши- лекарка.
Од општина Теарце не ја исклучуваат можноста водата да биде загадена, но бараат трпение од мештаните до објавување на резултатите од Институтот за јавно здравје, од земените мостри последните два дена.