На прв поглед е речиси невозможно да ги препознаете луѓето со депресија. Тие можат секогаш да бидат насмеани кога ќе ги сретнете и да не покажат никаков знак дека се борат со депресија.
negativni-zborovi-i-kategorichnost-depresivnite-lugje-koristat-identichni-frazi-i-zborovi-01.jpg
Сепак, некои истражувања покажале дека луѓето кои страдаат од депресија користат идентични реченици и фрази.
Па доколку се сомневате дека некој ваш близок страда од депресија, обрнете внимание на следниве изјави и зборови.
Премногу негативни зборови
Овде станува збор за зборови кои искажуваат негативни емоции, како осамен, тажен, несреќен, вознемирен и слично.
Луѓето со депресија многу почесто ги користат овие изрази за разлика од другите, а сето ова се случува потсвесно.
Депресивните луѓе воопшто не сакаат да ги сожалувате, па не се ни свесни дека ги користат овие зборови.
negativni-zborovi-i-kategorichnost-depresivnite-lugje-koristat-identichni-frazi-i-zborovi-02.jpg
Често зборуваат за себе
Луѓето со депресија многу почесто ја користат личната заменка „јас“ за разлика од другите.
Причината е што овие луѓе премногу се фокусирани на нивните проблеми, па немаат можност да обрнат внимание на некој или нешто друго. Најчесто ова однесување може да предизвика изолација, нешто што само им ја отежнува состојбата.
Важно е да знаете дека постојаното зборување за себе не покажува дека личноста е нарцисоидна, туку дека ѝ е потребна помош.
negativni-zborovi-i-kategorichnost-depresivnite-lugje-koristat-identichni-frazi-i-zborovi-03.jpg
Стануваат покатегорични
Кога депресијата ќе нападне некого, за таа личност нештата се само црно-бели. Поради ова, луѓето со депресија неретко користат зборови како секогаш, никогаш и конечно.
Ситуацијата станува посериозна кога личноста ќе почне да ги употребува овие зборови во реченици како „Никогаш нема да ми биде добро“, „Секогаш уништувам сè“ и слично.
Дури и откако личноста ќе ја надмине депресијата, категоричноста во нејзиниот говор може да остане.
Причината е што оној кој еднаш имал депресија, многу лесно може повторно да западне во нејзините канџи. Поради ова, добро обрнувајте внимание на зборовите што ги користат вашите сакани, дури и кога изгледа како проблемот да исчезнал.