Попладнево не очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и крајните источни делови. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи….

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и крајните источни делови. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува силен југозападен ветер. Кон крајот на денот поради заладување на планините врнежите ќе преминат во снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува силен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со локални врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.


Related Articles