Доколку имате проблем со вишокот килограми, сигурно сте пробале секакви диети. Иако постојат некои што функционираат, повеќето диети се навистина луди и можат повеќе да ви наштетат отколку да ви помогнат.

shto-veli-naukata-za-najludite-dieti-na-slavnite-01.jpg

Бидејќи и славните постојано водат битка со килограмите, и тие пробуват скеакви диети, а во продолжение погледнете некои од најлудите.

Диетата Master Cleanse

Во 2006-та година Бијонсе изјави дека за нејзината улога во Dream Girls ослабела со помош на диетата позната како Master Cleanse. Диетата е 10-дневно прочистување и смеете да консумирате само лимон, јаворов сируп и пипер.

Кога во денот ќе испиете само сок од лимон, нема да внесете ништо од потребните хранливи материи. Недостатокот од хранливи влакна, протеини и здрави масти, пак, ќе направи да се чувствувате уморно и гладно сите 10 дена. Редовното држење на диетата може да предизвика проблеми со срцето и бубрезите, но и дебелеење.

shto-veli-naukata-za-najludite-dieti-na-slavnite-02.jpg

Диетата Даниел

Актерот Крис Прет ја пробал брзата диета наречена Даниел која е инспирирана од Библијата. Диетата трае 21 ден во кој можете да консумирате само овошје, зеленчук и леб без квасец. Како и другите рестриктивни диети, и оваа се заснова на мислењето дека на телото му е потребна детоксикација.

Сепак, за ова не ви е потребен посебен режим на исхрана. Строгите диети само го ограничуваат бројот на калории и корисни хранливи материи и не даваат трајни резултати.

shto-veli-naukata-za-najludite-dieti-na-slavnite-03.jpg

Исхраната на Мерлин Монро

Во 1952-ва година Мерлин изјавила дека нејзиниот начин на исхрана е бизарен. Таа јадела сирови јајца со млеко, нешто што може да предизвика труење со салмонела.

Исто така го прескокнувала ручекот, а за вечера јадела месо и 5 моркови. Ова значи дека не внесувала доволно хранливи материи. Актерката јадела и сладолед за десерт.

shto-veli-naukata-za-najludite-dieti-na-slavnite-04.jpg

Исхрана само со месо

Психологот Џордан Петерсон верува дека исхраната само со месо може да ја излечи депресијата и да ви даде повеќе енергија. Исто така изјавил дека изгубил 22 килограми откако се откажал од другите групи храна. Но, консумирањето само месо значи дека ќе го ограничете внесот на хранливи влакна и витамин Ц.

Покрај тоа, црвеното месо често е поврзувано со срцеви заболувања и разни видови рак. Поради недостатокот од хранливи влакна, констатацијата е речиси неизбежна.

shto-veli-naukata-za-najludite-dieti-na-slavnite-05.jpg

Чистење со сокови

„Чистењето“ со сокови како да стана синоним за диетите на славните. Целта на ова чистење е отстранувањето на токсините од телото, но нема никакви научни докази за нивната ефективност. Многу славни личности, вклучувајќи ги Миранда Кер и Џесика Алба, ја пробале оваа диета.

Сепак, научниците сметаат дека концептот на чистење со сокови не се совпаѓа со човечката биологија. Покрај тоа, телото си има свој систем за детоксикација што го ослободува организмот од токсините. Консумирањето само сокови ќе направи да се чувствувате заморно, гладно, па дури и гневно.

shto-veli-naukata-za-najludite-dieti-na-slavnite-06.jpg

ДиетатаSirtfood

Оваа диета ја пробала Адел и наводно со неа можете да изгубите 3 килограми во една недела. Во диетата е дозволено консумирање на зелен чај, цитрусни овошки, магдонос, боровинки, јаболка, па дури и црвено вино. На почетокот на диетата, односно првите три дена треба да внесете само 1.000 калории.

Од 4-тиот до 7-тиот ден можете да консумирате 1.500 калоријии. Ова ограничување на калории значи дека диетата не помага во долгорочното слабеење, а ограничената листа на дозволени намирници го намалува внесот на потребни хранливи материи.

shto-veli-naukata-za-najludite-dieti-na-slavnite-07.jpg

Исхраната на основачот на Twitter

Основачот на Twitter Џек Дорсеј јадел само еден оброк во денот и постел цел викенд. Оброкот најчесто вклучува протеини, зеленчук и десерт од бобинки или темно чоколадо.

Дорсеј изјавил дека овој начин на исхрана му помага да се фокусира. Сепак, експертите сметаат дека тој фокус е резултат на изгладнетост и начин на мозокот да каже дека му е потребна храна.

shto-veli-naukata-za-najludite-dieti-na-slavnite-08.jpg

Исхрана со бебешка храна

Трејси Андерсон е фитнес тренер на познатите и смислила диета со бебешка храна. Правилата се едноставни – за секој оброк јадете бебешка храна, освен за вечера. Вечерата треба да биде нискокалоричен оброк од месо и зеленчук.

Во еден ден можете да изедете 14 теглички бебешка храна, односно околу 1.000 калории, плус 400 калории за вечера. Експертите сметаат дека дури и ако се обидувате да ослабите, ова не е доволно храна за еден ден.

shto-veli-naukata-za-najludite-dieti-na-slavnite-09.jpg

Фрутаријанска исхрана

Основачот на Apple, Стив Џобс, следел фрутаријански начин на исхрана. Ова е рестриктивна форма на веганство каде што можете да консумирате само овошје.

Сепак, многумина го опишале ова како нарушување во исхраната на Стив Џобс. И Ештон Кучер ја пробал диетата и после еден месец завршил во болница.

Овошјето и зеленчукот се важен дел од здравата исхрана, но кај нив недостасуваат протеини, масти, витамин Б, калциум и цинк. Покрај тоа, толку многу фруктоза може да му наштети на дробот и на срцето.

shto-veli-naukata-za-najludite-dieti-na-slavnite-10.jpg

Макробиотска исхрана

Мадона се колнe во макробиотската исхрана со соја, морски зеленчук и ферментирана храна. Таа не консумира јајца, месо, млечни производи или житни продукти.

Иако ферментираната храна е добра за флората во стомакот, овој начин на исхрана има многу недостатоци. Не само што е многу рестриктивна, диетата ги ограничува и хранливите материи како калциум, железо и витамин Б.

shto-veli-naukata-za-najludite-dieti-na-slavnite-11.jpg