Дали постојано се чувствувате дека сте гладни, дури и по вкусниот оброк? Дали се будите во текот на ноќта за да изедете нешто? Доколку се пронајдовте, не сте сами.
Има бројни фактори кои влијаат на чувството на глад: проблем со штитната жлезда или пиењето антидепресиви. Во секој случај, виновен е вашиот начин на живот. Меѓутоа, тоа не значи дека не можете да го поправите проблемот.
Не спиете доволно
Недостатокот од сон може да ги поремети хормоните кои го регулираат апетитот за храна. Хормонот грелин кој поттикнува глад, се зголемува кога ви недостасува сон. Лептин, хормон кој сигнализира ситост, во тој случај опаѓа. Освен тоа, колку повеќе време сте будни, поголема е веројатноста дека ќе посегнете по некоја намирница од фрижидерoт.
Не јадете редовно
Можеби не сте љубители на доручекот или имате распоред кој го прескокнувате, или едноставно заборавате да јадете. Време е да ги ускладите обврските со вашите оброци. Луѓето кои не јадат редовни оброци се хранат лошо, а прескокнувањето на доручек е поврзано со поголем внес на шеќер.
Пиете газирани пијалоци
Газираните пијалоци, ледените чаеви и останатите засладени пијалоци кои се полни со фруктоза, ја блокираат способноста на нашиот мозок да ги обработи сигналите од хормонот лептин, хормонот на ситост, кој ни говори да престанеме да јадеме.
Во суштина, газираните сокови ја зголемуваат потребата за храна, дури и кога сме сити. Преферирајте минерална вода.
Јадете конзервирана храна
Многу пластични чинии за храна и пијалоци содржат хемиски бисфенол А или БПА. Истражувањата покажаа дека БПА може да влијае на обемот на нашата половина. Според истражувањето од 2014, БПА го зголемува нивото на грелин што доведува до зголемување на желбата за храна.
Не пиете чај
Луѓето кои пијат една шолја црн чај после оброк полн со јаглехидрати, го намалуваат нивото на шеќер во крвта за десет проценти, еден час после оброкот, што значи на тој начин подолго време се сити.
Не пиете вода
Дехидрацијата често предизвикува чувство на глас. Хипоталмусот, дел од мозокот кој ги регулира гладот и жедта, може да ви праќа мешани пораки кога сте жедни, наведувајќи ве да мислите дека ви е потребна ужинка, иако всушност ви треба само чаша вода.
Здодевно ви е
Досадата е причина поради која се дебелеете. Истражувањето од 2015 година ја потврди врската помеѓу досадата и прејаденоста. За да тестирате дали навистина сте гладни, замислите огромно парче месо. Доколку сте гладни, месото ќе ви изгледа привлечно. Ако не, значи дека е само чувство на дистракција, а не потреба од оброк.
Под стрес сте
Лошото расположение и стрес имаат огромно влијание на вашата желба за храна. При стресни ситуации, вашето тело ослободува кортизол кој предизвикува желба за слатка или солена храна. Во тој случај храната е решение за сите проблеми.