Желбата е двигател на сексуалноста и без неа сексот брзо преминува во обврска или ритуал. Сигурно се прашувате зошто во одредени денови самата помисла на секс ве возбудува, а во други –не. Од каде доаѓа желбата за секс?
Одговорот на тоа прашање е сложен, бидејќи врз женското либидо влијаат и физички и психолошки фактори како начин на живот, хормони, фантазии и чувства.
Возраста и женското либидо
Со текот на времето женското либидо расте и сексуалната зрелост обично се достигнува околу 35 година од животот на жената.
Кога ќе настапи периодот на менопауза, нивото на естроген во женското тело се намалува. Но тоа не мора да значи дека желбата за секс се намалува. Во тој период жената обрнува повеќе внимание на себе и му придава поголемо значење на сексуалниот живот.
Влијанието на хормоните
Естрогенот и тестостеронот се хормоните од кои зависи желбата за секс. Варирањето на хормоните, особено за време на циклусот, влијае врз интензивноста на желбата за секс кај жените.
Кога сме во деновите на овулација, во нашето тело се забележува големо присуство на естроген и нашето либидо го достигнува врвот. Тоа е така затоа што нашето тело прави се за да се оплоди.
По породувањето во женското тело се лачи пролактин, хормон кој ја намалува желбата за секс и поради тоа голем број парови имаат проблеми во сексуалниот живот после бременоста.
Психолошки фактори
Образованието, културата, социјалните и религиозните верувања дури и денес вршат силен морален притисок врз жените. Жените помалку ја покажуваат и изразуваат желбата за секс од мажите. За разлика од мажите, повеќето жени сексот го асоцираат со љубов т.е. само кога веќе има љубов може да има и секс.
Жените се чувствителни на околината и атмосферата. За најголем број од жените многу е важно да се во опуштена и романтична атмосфера за да се возбудат.
Понекогаш проблемите со здравјето, лекарствата, стресот или проблемите во врската водат до блокирање на желбата за секс. Често тоа е само привремено, но ако продолжува подолг период отворено зборувајте на таа тема со партнерот и посетете специјалист кој ќе ви помогне да го решите проблемот.
Овие лекови и храна не се компатибилни
Диета со кисело млеко – пробајте, нема да зажалите!
Зошто не треба да лечите настинка со потење?
Пет минути дневно се доволни за да се намали високиот крвен притисок – Еве што вели науката
Пиев вода со куркума 5 месеци секое утро и еве што се случи
Најдобри домашни лекови за изгореници од сонце
Решете ја болката за 5 минути
Добрите страни на сончогледовото масло
Загрижувачки – Околу 97% од луѓето заболени од рак, ги имале овие проблеми со забите!
Како да се намали чувствителноста на забите? Грубата четка само го зголемува проблемот
Најново истражување: Дали хируршките маски го намалуваат ширењето на коронавирусот?