Кога станува збор за масти и за слабеење, разговорот обично се сведува на намалување на процентот на масти во телото, но малкумина ги спомнуваат т.н кафени масти кои се разликуваат од обичната, „бела“ маст.
Кога се зборува за телесни масти, скоро секогаш се мисли на белата маст, т.е белото адипозно ткиво. Овие масти се наоѓаат под нашата кожа и секогаш се обидуваме да ги редуцираме, а дел од нив е висералната маст која ги обвиткува нашите внатрешни органи и може да предизвика големи штети, особено на кардиоваскуларниот систем.
Но, кафената маст, т.е кафеното адипозно ткиво, претежно се наоѓа во регионот на вратот и рамениците. го нема во големи количини, но е исклучително моќно.
Кафените масти креираат топлина во процесот наречен термогенеза, со кој се согоруваат калории. Всушност, кафените масти креираат повеќе топлина од било која друга супстанца во телото, при што согоруваат масивен број на калории.
Секој од нас се раѓа со голема количина кафена маст, која се намалува како што старееме.
Експертите забележале дека бебињата се поподложни на настинки поради нервниот систем кој се развива, помалку влакна на телото и помала мускулна развиеност – на пример, тие не можат да се тресат како начин за загревање. Така, кафената маст им помага на бебињата да ја регулираат топлината, додека не пораснат.
Еве неколку стратегии за активирање на овие масти:
1) Оладете се
Експонирањето на студ е најдобар начин за градење на кафена маст, бидејќи на телото му е потребно самото да се загрее како реакција на студот и за тоа да го постигне регрутира и други масти кои се на располагање.
Тоа значи дека кога ни е студено, телото може да се префрли на користење на кафените масти кои го зголемуваат бројот на согорени калории.
2) Јадете доволно
Кафената маст може да се креира кога телото ја има постигнато точката на заситеност кога јадеме. Доколку и по завршениот оброк сте сè уште гладни, тоа значи дека не сте изеле доволно за да ја активирате трансформацијата од бели во кафени масти.
3) Јадете јаболка
Кожата на јаболка содржи урсолна киселина, природна состојка која не само што ги зголемува кафените масти, туку и мускулната маса и сила.
4) Вежбајте
Вежбањето е „креатор на кафени масти“, а причина за тоа е ензимот ирисин кој се ослободува кога вежбаме, и ги конвертира белите масни клетки во кафени.
Вежбањето на топло време ја спречува активацијата на кафената маст, така да вежбајте на што постудена температура (која е доволно комфорна).