Клучна е за нашето здравје, од дигестивната функција до хидратацијата на кожата која го забавува дури и стареењето, помага при слабеење, подобра концентрација, енергија и расположение. Се препорачува да се пие најмалку два литри вода на ден.

Меѓутоа, постојат две спротивставени теории – една која вели дека водата треба да се пие за време на оброкот и онаа која вели дека никогаш не треба да пиете вода додека јадете! Некои тврдат дека треба да се пие после јадење. Која е вистината?

И ако предизвикува некои лоши работи, придобивките далеку ги надминуваат тие минуси. Од друга страна, студиите покажаа дека водата во текот на јадењето спречува прејадување па така и несакани килограми. Сепак, тоа се мисли на две чаши или повеќе, а не неколку голтки. Една студија докажа дека возрасните кои консумирале чаша вода пред оброк изгубиле повеќе килограми во режимот на исхрана од оние кои не пиеле.

Со чаша вода пред ручек брзо ќе почувствувате ситост, па дури и ќе јадете помалку. Исто така, пиењето за време на оброкот ја успорува брзината со која јадеме, па така ќе јадеме помалку. Имено, кога бавно јадеме, оставаме доволно време мозокот да ни испрати сигнал дека повеќе не сме гладни (обично му треба 10 минути откако храната го наполнила стомакот за да ни каже). Водата помага и храната полесно да помине низ нашиот дигестивен систем, па консумирањето навистина добро делува.

Врз основа на сè, можеме да заклучиме дека водата треба да се пие пред оброците, за време на оброците и помеѓу оброците.