Топлата бања, особено кога надвор е ладно, ни се чини како одлично решение за набрзина да се затоплиме.

Но, за да го зачувате здравјето на својата кожа, мораме да внимаваме на температурата на водата. Според стручњаците, идеалната температура на водата за капење треба да е блиску до вашата нормална телесна температура, односно меѓу 36-38 степени.

Секако, оваа температура ни се чини ниска, па оптималната би била 39 степени. Се што е повеќе од тоа, предизвикува иритација на кожата и прави да изгледа уморно и безживотно.

Исто така, наместо да користите пенливи купки, подобро е да ги употребувате маслените. Најдобро е да не триете премногу со ексфолирачки сунѓер, за да не го нарушите природното намастување на кожата.