Повеќето жени имаат целулит на одредени делови од телото, но тоа и не е толку трагично бидејќи и светските модели имаат целулит. Потребно е да знаете дека не постои диета која што целосно ќе го отстрани целулитот на вашето тело. Добра вест е што можете да ги намалите масните наслаги од вашето тело, а со тоа ќе се намали и целулитот кој го имате.
Целулитот е маст кој што е лоцирана на еден или повеќе делови од телото, некои имаат повеќе, а некои помалку (зависно од генетиката). Жените често имаат повеќе целулит од мажите.
Потребно е да презете чекори за подобрување на вашето здравје и да ја намалите количината на маснотии кои што ги имате во вашето тело.
Чистењето на телото и отстранување на вишокот на токсини од телото може да го подобри вашиот изглед на кожата и да го намали целулитот. Затоа треба да се внимава каква храна внесуваме.
Препорачана храна:
– Безмасно месо и риба
– Свежо овошје и зеленчук
– Сирење без маснотии
– Обезмастено млеко
– Безмасен јогурт
Храна што може да ја јадат слаби луѓе:
– Тесто
– Ориз
– Јајца
– Шеќер
– Полномасно млеко
– Пченка и маслиново масло
– Интегрален леб
Забранета храна:
– Алкохолни и газирани пијалоци
– Конзервирана храна
– Масно месо
– Масно сирење
– Суво овошје
– Чоколадо и какао
– Димен лосос
– Сувомеснати производи
– Мајонез
– Животинска маст