„По едно јаболко на ден, го држи докторот подалеку од нас“, ова правило, убедени сме дека сте го слушнале.
Нутриционистите предлагаат годишно да изедеме барем 30 до 40 килограми јаболка, а лицата кои се хранат правилно, јадат и повеќе.
Јаболката го олеснува варењето на храната. Содржи бројни корисни материи кои го стимулираат одбранбениот систем на телото, го оневозможуваат таложењето на мастите во црниот дроб и штитат од рак. Плодот покрај вода, содржи и шеќери, пектин, витамин А, Б и Ц, уште и органски киселини како што се: јаболковата, лимоновата, мравјата и карбонската киселина.
Килограм јаболка има 600 калории, колку што има калории и во едно литар млеко.
Јаболкото се разградува во желудникот за 15-20 минути.
Ако се јаде во комбинација со друга храна во желудникот, таа се задржува и по неколку часа, па затоа се препорачува да се јаде пола час пред главниот оброк или неколку часа по оброкот. Со јаболкото е многу полесно да се издржи диетата, бидејќи тоа содржи пектин, кој набабрува и создава чувство на заситеност.
Истражувањата покажуваат дека танинската киселина значително влијае на метаболизмот на мастите и го оневозможува нивното таложење во црниот дроб. Тоа откритие отвора можности за примената на танинот во редукциските диети и ја оправдува народната мудрост дека јаболкото помага при слабеењето.
Со јаболкото се внесува многу вода (што е и пожелно при редукциските диети), се внесуваат и потребните витамини, минерали и влакна. Влакната помагаат во регулирањето на столицата и даваат чувство на ситост, а исто така, го зголемуваат и лачењето на мокрачата.