Некои комбинации од витамини и минерали може да ја успорат апсорпцијата, додека други овозможуваат правилно дејство во организмот.

За да имаат навистина ефикасно дејство витамините и минералите кои ќе ги консумирате за зајакнување на организмот, важно е да се консумираат во вистинското време од денот, бидејќи нивната апсорпција тогаш е најдобра.

Исто така, докажано е дека некои најдобро делуваат на празен стомак, додека некои други се консумираат исклучително со храна. Некои пак комбинации од витамини и минерали може да ја успорат апсорпцијата, додека други овозможуваат поефикасно делување во организмот.

Лекарите напоменуваат дека суплементите не треба да се земаат самоиницијативно, туку со консултација на елсперт и тоа после извршените анализи кои укажале на нивен дефицит.

ВИТАМИНИ КОИ СЕ ЗЕМААТ НАУТРО

Витамоин Б12 е најдобро да се консумира на празен желудник заедно со витамин Б1 и бакар. Витаминот Б12 поттикнува создавање на енергија и затоа треба да се консумира наутро на празен стомак. Покрај тоа, утрото е време и за консумирање на витамин Ц, кој може да се земе заедно со витамините Б12, Е и А.

Суплементите кои содржат железо, може исто така да се консумираат наутро, но доколку прават проблем на желудникот, тогаш се земаат заедно со храна или 1-2 часа после јадењето. Многу е важно да не се зема во комбинација со цинк, витамин Е, манган или калциум.

Ако се зема во комбинација со витамин Ц и фолна киселина, тогаш добро се апсорбира и навечер.

ПЛАДНЕ

Во овој период од денот витамините мора да се земаат со храна. Тогаш се препорачува да се консумира цинкот, најдобро во комбинација со витамините А, Ц и Б12. Ако пиете цинк, одбегнувајте да консумирате железо истовремено, бакар и витамин Б9. На пладне или за ручек треба да се консумира витамин А, најдобро со витамин Ц и Е, како и со цинк.

ВЕЧЕРНИ ВИТАМИНИ

Со храна, во текот или после вечерата би требало да се консумира витамин Д, најдобро во комбинација со калциум кој ја зголемува неговата апсорпција. Освен тоа, добра е комбинацијата од витамин Д и рибино масло.

ПРЕД СПИЕЊЕ

За да ја подобрите дигестијата, земјате ги пробиотиците околу два часа после вечерата. Пред спиење е идеалното време и за консумирање на магнезиум. Можете да го консумирате заедно со калциум и витамин Б6.