Слаба циркулација

Слабата циркулација е причина за студените екстремитети. Слабата циркулација е предизвикана од анемија или срцеви заболувања, а најчестата причина е поради недоволна физичка активност. Доколку сте во седната положба цел ден, поголеми се шансите да ви бидат студени нозете.

Анксиозност и стрес

Поради анксиозноста можат да ви се потат дланките и да чувствувате мачнина. Поради стресот, крвта се движи кон виталните органи и ја ограничува циркулацијата низ екстремитетите.

Здравствени проблеми

Една од причините за студени стапала е намалена работа на штитната жлезда. Со оглед на тоа дека овие хормони го контролираат метаболизмот и телесната температура, недостатокот на тироидни хормони може да биде причина за студени стапала.

Цигари и алкохол

Никотинот и алкохолот влијаат на регулирање на телесната температура. Никотинот ги згрутчува крвните садови и ја намалува циркулацијата, додека алкохолот ја зголемува количината на топлина која се губи од телото.

Во повеќето случаи, студените стапала значат дека треба да се движите повеќе. Сепак, доколку со тоа се јават уште неколку симптоми, најдобро е да го посетите лекарот.