Во три продолженија „Економски Лидер“ ви открива за тендерите на фамилијата на фамозниот Александар Јовановски – Жути кои се добиени во периодот откако нашиот медиум го откри скандлот „35 милиони наместен тендер за реагенси“.
Последен местен тендер за „кралот на реагенсите“, за кој „Лидер“ пишуваше минатата недела е оној за стерилизација.
Наш извор од министерството за здравство, ни открива дека овој пат, спецификациите ќе се местат за италијански бренд.
-Тендерот се мести за брендот „Steelco“, кoj e дел од групацијата „Miele“, која во Македонија е застапувана од семејството на Јовановски. – открива за „Лидер“ извор од министерството.
Во меѓувреме, нашата екипа истражуваше во централниот регистар и откривме дека овој бренд во Македонија е застапувам од двете компании на фамилијата Јовановски, „Био Медика“ и „Био Доместик“.
Нашата истрага продолжи и со јавните набавки, каде што во многу наврати утврдивме местење на спецификации за фирмите на фамозниот „Жути“, кој за малку беше спречен (пред се поради медиумите) да добие 35 милиони евра за реагенси преку тендер кој по многу параметри беше сомнителен.
Сега работите ќе одат преку производителот „Steelco“, како што пред само една година спецификациите се местеа за производителот „Abbot“.
Недекава, во второто и третото продолжение од нашето истражување, очекувајте многу документи за случајот.