Струшкото јавно обвинителство презело серија дејствија за да го расчисти настанот со видео снимката на која што се гледаше како заменик министерот за здравството од ДУИ Муса Асим добива пари за интервенција.
Од обвинителството потврдија дек ја побарале оригиналната снимка од албанската телевизија.
Побарано е преку меѓународна помош од Република Албанија да се достават податоци за лицата и медиумите кои го извршиле снимањето како и да се обезбеди оригинална снимка, велат од таму.
Според информациите побарано е да се обезбедат и податоци од идентитетот на лицата кои се гледаат на снимката, но од надлежните институции од Република Албанија одговор се уште не бил стигнат.
Надлежниот јавен обвинител доставил ни барање до Заводот за нефрологија со цел да се провери постапката и цената за добивање на медицинска услуга, односно консултација и медицинска интервенција за странски државјани, пишува во одговорот.
Откако беше објавена снимката, заменик министерот за здравство Муса поднесе оставка, а на негово место вчера собранието го избра Арменд Арслани од ДУИ.