Колку и да се трудиме да ја заштитиме, косата е многу поподложна на сувост и уништување во текот на зимата, особено кога надвор има студен ветер, но не е невозможно. Може да имаме убава и здрава коса и во зима со малку повеќе внимание.
Многу девојки може да се соочат со зголемено опаѓање на косата, особено ако често носат капи, кои предизвикуваат триење и откинување на дел од влакната каде капата стои.
За да го спречите ова, потрудете се кога сте дома косата секогаш да ви е пуштена и да не ја стегате со стегачи и ленти за коса. Изборот на козметички препарати исто така е важен. Како и во секое годишно време, така и во зима, треба да користите шампон, маска и регенератор кои одговараат на вашиот тип на коса.
Нанесувајте и хранливи домашни маски и секако, не заборавајте да ја негувате и со соодветното масло (од јојоба, арганово, кокосово…), кое одговара на вашиот тип на коса.