Ако често ви отекуваат нозете тогаш треба да знаете дека тоа може да е показател дека нешто не е во ред со физиолошките процеси кои се одвиваат во вашиот организам. Промените кои се случуваат на нозете се поврзани со различни органи.
Еве кои промени може да покажуваат на одредени нарушувања:
Подуеност кај листовите и стапалата
Ова може да биде последица на предолго стоење. Но, може да се појави и при срцеви заболувања, бидејќи при такво нарушување, телото складира течности во стапалата и околу листовите. Исто така, може да укажува на проблеми со крвните садови, со лимфниот систем, но и проблеми со црниот дроб.
Промена на бојата на кожата
Ако забележите промена на бојата на кожата на нозете, од модро до црно, можна е блокада на крвните садови. Во прв момент почекајте да се стоплите. Ако промената на бојата не исчезне дури и откако ја стабилизиравте температурата, тогаш тоа покажува на проблем со крвните садови.
Болни стапала
Ако стапалата болат и по неколку денови, обратете се на лекар, бидејќи тоа укажува на одредени инфекции кои треба антибиотски да се третираат.
Појава на модринки
Ако изненадно се појават модринки на нозете, тоа е симптом на нарушување на работата на црниот дроб, автоимуни болести, воспаление на крвните садови или некое нарушување на крвта.
Изразени вени
Попуштените вени може да се појават во тек на бременост, при прекумерна тежина или при недоволна физичка активност. Некогаш проблемот може да се реши со вежби и компресивна облека, но некогаш мора да се направи и операција.