1. Се подобрува здравјето на срцето
„За само неколку дена доаѓа до намалување на холестеролот за 10 отсто и намалување на триглицеридите за 20 до 30 отсто“, вели докторот Џејмс Диниколанотнио.
2. Кожата станува почиста
Како експертите, така и оние кои имале искуство со акни на кожата, велат, дека кога го исфрлиле шеќерот од својата секојдневна исхрана, нивната кожа станувала почиста и поздрава.
3. Се намалува ризикот од заболување од дијабетес
Консумирањето на шеќери ги зголемува масните наслаги околу стомакот. Едно истражување покажа дека внесувањето на 15 калории богати со шеќер, за 11 отсто го зголемува ризикот од заболување од дијабетес тип 2, во споредба со внесувањето на 160 калории протеини или масти.
4. Подобрување на сонот
Големото ниво на шеќери во организмот доведува до поспаност и мрзеливост во текот на денот, а шеќерот предизвикува и лачење на кортизол, што има лошо влијание на сонот. Со прекинување на внесување на шеќери во организмот се подобрува сонот, а и се поттикнува будноста во текот на денот.
5. Полесно се губат килограми
Експерти велат дека оваа одлука може да ви помогне за 5 до 6 месеци да загубите до 4,5 килограми. И не само тоа, вашата телесна тежина набргу ќе се стабилизира.