Лукот нашите баби го користеле скоро во секое јадење, зимница па и во природните лекови кои ги правеле.
И медицината го користи лукот и не ги негира неговите лековити својства. Лукот изобилува со калиум, магнезиум, натриум и алицин – состојка која го штити телото од вируси и спречува ширење на инфекции.
Доколку не сте љубител на аромата на лук, не мора да го консумирате – доволно е да го ставите под перницата пред да заминете на спиење. Неговиот мирис ќе ги прочисти вашите синуси и ќе ви помогне да се ослободите од настинката.
Оние кои спијат со лук под перница никогаш не патат од несоница и секогаш се будат во добро расположение бидејќи тој има смирувачко дејство врз нервниот систем и брзо ослободува од умор и напнатост.
Одамна е докажано дека лукот го намалува холестеролот во крвта и го забавува развојот на карцином, спречувајќи мутација на клетките.
Лукот е незабиколно средство за време на епидемија на грип и други вообичаени болести, па затоа ставете си едно чешне лук под перницата и заштитете се навреме.