Леукемијата е опасна болест на хематопоетскиот систем, може да се развие многу брзо, па затоа дијагнозата во раната фаза значи многу

Леукемијата или канцерот на крвта вклучува голема група на болести кои се разликуваат според факторите на развој. Леукемијата ја зафаќа и коскената срж која не може да создаде бели крвни зрнца. Телото станува чувствително на сите видови инфекции.

Главни симптоми на леукемија

Статистичките податоци покажуваат дека леукемијата најчесто ја погодува старосната популација од 50 до 70 години. Симптомите може да бидат различни за одредени видови болести. Но постојат и некои симптоми што ги имаат сите типови леукемија:
  • Бледа кожа: ладни раце, анемија
  • Умор: уморот е постојан
  • Инфекција и грозница: чести инфекции
  • Диспнеа: Отежнато дишење, особено по физички активноста, губење воздух
  • Долго зараснување на раните: кожата лесно се оштетува
  • Болка во коските и зглобовите: остра или пригушена болка
  • Главоболка: долготрајна и силна главоболка
  • Воспаление на жлездите, лимфните јазли
  • Атипично крвавење
  • Губење тежина
  • Болка во стомакот, дуење, болки во долниот дел на грбот, мачнина, повраќање
  • Потење, крвавење од носот, грозница…

Слушајте ги сигналите на вашето тело, раната дијагноза на леукемија е клучниот фактор за нејзино излекување.