На хуманоста на докторите и здравствените работници, да возвратиме со општествена одговорност! Ова е пораката на семејството Ковачевски кое обезбеди целосно реновирање на машкиот оддел на хирургија во клиничката болница во Битола.
„Во знак на благодарност кон докторите, медицинскиот и другиот персонал од хирушкото одделение во клиничката болница во Битола го завршивме она што моето семејство го зеде како обврска.
Целосно е завршена реконструкцијата на машкото одделение на хирургија. Благодарност до сите мои прилатели, другари и најблиските роднини кои ни помогнаа во оваа активност“ велат од семејството Ковачевски.
Целосното реновирање значи нова санитарија, водовод, обезбедена комплетна опрема за сите болнички соби, средување на ѕидовите, нови душеци, телевизиори, постелнина, реновирана е и работната соба, гардеробите за вработените, реновирани се и ходниците.
И клиниката од Битола се заблагадори за овој хуман гест на семејството Ковачевски, кое доби благодарница од директорот на клиниката Зоран Лазаров кој рече дека е восхитен од тоа што едно битолско семејство се вложи за битолчани.
И изрази надеж дека по примерот на семејството Ковачевски за Битола ќе се одважат и други семејства кои можат и сакаат да бидат хумани. Од битолчани за Битола.
Во болницата во тек се проекти со кое државата ја подобрува состојбата во битолското здравство, а овој пример покажува дека кога повеќе страни ќе се вклучат во една благородна акција, тогаш голем е бенефитот за целата заедница.