Ние сакаме кељ. А вие? Листените сорти, како кинескиот и тосканскиот кељ, се помалку „кадрави“ и понежни од најчесто употребуваниот кај нас, главучестиот кељ, а имаат и понеутрален вкус, па затоа се идеални за салата. Малку потсетуваат на рукола, само што се покрти и послатки од неа. Исечканиот кељ можете да го комбинирате со рендан морков и со црвена зелка.

Прелијте го зеленчукот со маслиново масло, лимонов сок и зачинете го со сол и згмечено лукче или за малку поегзотична салата – помешајте кељ, авокадо, бобинки, фета-сирење, сечкан печен бадем, па малку посолете и прелијте со маслиново масло и со лимонов сок.