Постојат шест произвди кои го чуваат вашето здравје и штитат од болести. Тие обезбедуваат долг живот и одлично здравје, смета доктор Џоел Фурман, автор на книгите „Јадете за да живеете“ и „Супер имунитет“.
На листата на доктор Фурман се наоѓаат зеленчук, овошје и семки.
– Спречувањето на разни видови болести, како што е ракот, или срцеви заболувања не е толку комплицирано како што мислат луѓето. Всушност многу е едоставно – вели доктор Фурман.
Зелениот зеленчук со листови, како што е салатата или блитвата, треба да се јаде почесто, по можност секој ден барем двапати. Овој зеленчук е богат со здрави состојки кои спречуваат голем број болести, вклучувајќи ги и најопасните.
Боранијата и грашокот се хранливи јаглени хидрати кои имаат многу влакна. Тие го стабилизираат шеќерот во крвта, а многу истражувања покажуваат дека грашакот може да го намали ризикот од рак на дебело црево, како и други видови на канцер.
Сите видови кромид можат да се наречат „супер храна“. Лукот има висока концентрација на флаваноид, кој одлично влијае на имунитетот и спречува создавање на најразлични видови болести. И белиот и црвениот кромид имаат соединенија кои делуваат антиканцерогено, а кај луѓето кои имаат рак го спречуваат создавањето на нови канцерогени клетки.
Печурките содржат хранливи материи кои му помагаат на организмот да се бори против воспаленија, спречуваат оштетување на ДНК и уште многу друго. Притоа, докажано е дека состојките кои можат да се најдат во печурките доведуваат до намалување на ризикот од добивање рак на дојка и на матка.
Зрнестото овошје го има во многу бои, бидејќи содржи антиоксиданси, како што е флаваноидот. Истражувањата докажале дека зрнестото овошје ја зголемува мозочната сила, спречува појава на рак и го намалува крвниот притисок.
Семките од тиква, сончоглед или било кои други, се исклучително здрави производи. Тие се богати со белковини и минерали. Мнгу од нив содржат омега 3 масни киселини, калциум, железо и цинк. Посебно се истакнува ленот, кој им се препорачува на жените, имајќи предвид дека неговите состојки спречуваат разни женски болести.