По повод завршувањето на проектот „Жените имаат права!’’, Хелсиншки комитет за човекови права денеска организира конференција, на која ќе бидат промовирани проектните достигнувања во изминатите две години и ќе се афирмира важноста на поднесената индивидуална претставка до Комитетот ЦЕДАВ.
На конференцијата е предвидено да се обратат Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Благородна Шопова од ОН Жени. Проектот ,,Жените имаат права!’’ е имплементиран од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на регионалната програма на Европската Унија и ОН Жени „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми– промена на ставови“.