Познатиот руски специјалист по кинезитерапија, професорот д-р Сегеј Бубновски препорачува едноставна метода за зајакнување на имунитетот – тапкање со стапалата во ладна вода.

Ладната вода и туширањето со неа имаат долга традиција во многу култури, особено во Рузија и тоа со добра причина- имаат позитивно влијание на здравјето.

– Секоја вечер кога ќе се вратите дома по напорниот работен ден, ставете во леген или во кадата, 15 см ладна вода, без да додавате топла вода. Потоа влезете боси и тапкајте со стапалата во водата само 15 секунди, обидувајќи се да направите 48 брзи куси чекори. Потоа излезете од када, избришете ги нозете со пешкир и облечете волнени чорапи. Правете така секоја вечер и целосно ќе го зајакнете имунитетот. Ако ве фатил грип повторувајте ја постапката на секои четири часа – советува докторот.

Дека ладната вода е благодет за организмот потврдува и една холандска студија која покажа дека луѓето кои наутро практикуваат ладен туш помалку се разболуваат и поретко изостануваат од работа. Исто така забележено е дека имаат повеќе енергија споредно со луѓето кои се тушираат со топла вода.