Резултатите од британската студија спроведена на универзитетот Астон во Бирмингем покажаа страшно откритие. Всушност оваа студија покажа дека речиси никој никогаш не ги чисти четкичките за нанесување маскара или сунѓерчињата за пудра.
Др. Амрин Башир и проф. Питер Ламберт анализирале примероци од 467 производи донирани од граѓаните, за да покажат колку опасни бактерии се кријат во сетот за шминка.
Имало 96 кармини, 92 моливи за очи, 93 маскари, 107 сјаеви за усни и 79 сунѓерчиња за пудра во прав. Се покажа дека 70 до 90 проценти од сите производи се загадени со бактерии, а најмногу сунѓерчињата за пудра во прав.
Преовладуваат бактерии Staphylococcus aureus, E. coli и Citrobacter freundii, бактерија поврзана со кожни инфекции, труење со храна и уринарни инфекции. Резултатите беа објавени во Списанието за применета микробиологија.
Загадувањата од стафилококи билa најчеста. Цревни бактерии се откриени кај сите видови на производи, најмногу во сунѓерќињата за нанесување пудра во прав (26,58 проценти).
Сунѓерчињата биле најмногу заразени со габи, 56,96 проценти, веројатно затоа што луѓето ги навлажнуваа пред да стават шминка. Меѓу најзагадените со бактерии – особено цревни , биле сјаевите за усни, додека кармините покажале најниска стапка на загадување.
Според сведочењата на корисниците, само 6,4 проценти од овие производи некогаш биле исчистени, а никој не ја чистел четкичката за маскара.
Д-р Башир предупредува дека потрошувачите треба да бидат едуцирани во врска со миење и чистење на овие сетови и дека козметичката индустрија треба да инвестира повеќе во предупредувања за рокот на траење на производите и нивното одржување.