Јазик со црвена боја и папили налик на јагода може да биде знак за Кавасаки синдром.
Појавата на дамки, точки или наслаги во устата и јазикот честопати е безопасна. Но понекогаш одредени промени можат да бидат индикација за тоа што се случува со целокупното здравје. Различни заболувања, инфекции и состојби, па дури и стареењети може да се манифестираат со одредени знаци и промени на јазикот. Доколку забележите некои невообичаени промени на јазикот, вклучувајќи и овие во прилог, консултирајте се со вашиот лекар или стоматолог.
Бели дамки на јазикот
Појавата на бели дамки на јазикот може да бидат знак за дрозд (кандидијаза) – габична инфекција којашто може да се појави откако некоја болест или лекови коишто се земале го рушат балансот на бактериите во устата. Тврди, рамни, бели плаки кои не можат да се исчистат, може да бидат знак за леукоплакија, состојба којашто се поврзува со рак.
Леукоплакија на јазикот
Појавата на бел слој на јазикот може да биде знак за т.н. „влакнест“ јазик. Ова се случува кога папилите на јазикот растат во подолги влакна, каде што храната и бактериите се задржуваат. Вообичаено леукоплакијата може да се појави во случај на иритираност на јазикот и белиот слој да исчезне по четкање на јазикот, но таа, исто така, може да биде знак за канцер, оттука е важно да се посети лекар или стоматолог за да се провери состојбата.
Светло црвен јазик
Јазик со црвена боја и папили налик на јагода може да биде знак за Кавасаки синдром – ретка, сериозна болест што ги разголува крвните садови насекаде низ телото и се појавува најчесто кај децата. Тоа, исто така, може да биде симптом на црвена треска. Исто така, доколку јазикот е црвен и мазе, пропратен со болки во устата, тоа може да биде знак дека има недостиг од витамин Б3.
Мали топчиња на или под јазикот
Ранички во форма на мали и болни топчиња коишто се појавуваат и поминуваат е може да биде безопасна појава под или на јазикот. Во случај на минлив лингвален папилитис, на врвот на јазикот може да се појави една болна рана во форма на топче којашто е предизвикана од вирус којшто треба да се третира. Појавата, пак, на грутка под или на јазикот којашто предизвикува болка и не поминува подолг период може да биде знак за посериозна состојба – орален карцином.
Макроглосија или голем јазик
Макроглосијата е состојба којашто се манифестира со задебелување и зголемување на јазикот, коешто може да биде резултат на хипотироидизам, инфекција или алергии.
Пукнатини на јазикот
Длабоките пукнатини/жлебови на јазикот може да се формираат со текот на стареењето. Тие се безопасни, но во случај на појава јазикот треба внимателно да се чисти за да се отстранат остатоците од храна и бактериите. Тие, исто така, може да бидат знак за Даунов синдром, псоријаза и Сјогренов синдром.
Преземено од http://pharmanews.mk/