Таткото, братот и дедото на починатите деца во пожарот итно пренесени на Токсикологија

Таткото на загинатите деца во пожарот во Шутка попладнево во 15 часот и 30 минути со возило на службата за Итната медицинска помош бил пренесен на Токсикологија. Од клиниката за…

Таткото на загинатите деца во пожарот во Шутка попладнево во 15 часот и 30 минути со возило на службата за Итната медицинска помош бил пренесен на Токсикологија. Од клиниката за Сител информираат дека 28-годишниот пациент имал видливи знаци на стрес и вознемиреност, но по прегледот на негова иницијатива одбил да му бидат направени дополнителни испитувања и доброволно заминал од клиниката.

Во меѓувреме заедно со него бил и неговиот 14- годишен син, брат на починатите деца, кај него немало констатирано повреди и за дополнителни прегледи детето било препратено на Клиниката за детски болести.

Во меѓувреме на Токсикологија бил донесен и дедото на починатите деца.

Тој се уште е на клиниката, но без сериозни здравствени последици и му се укажуваа лекарска помош по што ќе биде пуштен на домашно лекување, велат од Токсикологија за Сител.

Од службата за Итна медицинска помош за Сител информираат дека веднаш по добиената пријава за пожар во 13 часот и 30 минути се упатиле во Шуто Оризари, интервенирале со 3 екипи и освен повредените кои ги пренеле на Токсикологија, на лице место им било укажана лекарска помош и на две жени кои биле во куќата.


Related Articles