Здравата храна и физичката активност се сигурен пат до добро здравје. За да не морате да одите на лекар, обидете се вашата исхрана да ги содржи овие витамини.
Некои намирници и витамини мора да станат задолжителен дел од исхраната за да не го нарушите здравјето. Погрижете се да не ви недостига ниту еден од овие нутриент.
Витамин К2
Благодарение на него, меките ткива задржуваат калциум, а речиси никој не го внесува во доволни количини. Може да го најдете во млечни производи, кељ и спанаќ. Овој витамин е од исклучителна важност за здравјето на трудниците.
Витамин Д
Овој витамин особено ни недостига во зимските месеци. Благодарение на него, имунитетот ќе ви биде јак исто како и коските. Добар извор е говедскиот или телешкиот џигер, жолчката, рибата, млекото, јогуртот, сокот од портокал, тврдите сирења.