Овие прашања ги мачат родителите: Колку часови треба да спијат бебињата?

За време на развојот во матката, бебето е во постојан мрак и по раѓањето нема чувство за ноќ и ден. Наместо тоа, спиењето и будењето се приспособуваат на чувството за…

За време на развојот во матката, бебето е во постојан мрак и по раѓањето нема чувство за ноќ и ден. Наместо тоа, спиењето и будењето се приспособуваат на чувството за глад.

Во првата недела, новороденчињата спијат од 16 до 17 часа на ден, а хранењето за нив претставува исклучително напорна активност и по секој оброк спијат толку многу бидејќи треба да се одморат, па во првите неколку недели од животот, децата спијат повеќе време отколку што се будни.

Но, како што растат, така се менуваат и навиките за спиење, па бебињата ќе почнат да спијат во подолги циклуси во текот на ноќта, а во текот на денот ќе им треба помалку сон.

Просечни навики за спиење според возраста на бебето:

1. На возраст од еден месец бебињата спијат околу 15,5 часа на ден, еднакво поделени во текот на ноќта и во текот на денот.

2. На возраст од два месеци на бебињата им е потребен ист број часови на спиење како првиот месец, но тие почнуваат да разликуваат ден и ноќ.

3. На возраст од четири месеци бебињата спијат 14-15 часа, од кои 10-12 часа се ноќе. Тие се будат еднаш или двапати во текот на ноќта за хранење.

4. На возраст од шест месеци тие спијат од 13 до 14 часа, обично 10 часа во текот на ноќта и 3-4 часа во текот на денот.

Зошто на бебињата им треба толку многу спиење?

Новороденчињата имаат потреба од повеќе сон отколку децата, тинејџерите и возрасните поради нивниот брз ментален и физички развој. Бебињата произведуваат милијарди неврони во мозокот, што ќе резултира со приближно 100 трилиони нервни врски до моментот кога ќе пораснат.

Загрижени сте дали вашето бебе спие доволно?

Ако сте загрижени дали вашето бебе спие доволно или не, обрнете внимание како изгледа бебето кога ќе се разбуди. Ако е мирно и задоволно, тоа покажува дека спие доволно, а тоа е исклучително важно.

Болестите или промените на рутината може да предизвикаат бебињата да спијат повеќе или помалку од нормалното. Причината за загриженост постои ако вашето бебе му дава приоритет на спиењето и не се буди за хранење. Ако бебето не ја зголемува тежината или има тешкотии со хранењето, задолжително закажете преглед кај педијатар.


Related Articles