Непроспиена ноќ го зголемува нивото на протеинот што предизвикува Алцхајмерова болест

Според една неодамнешна студија, по само една непроспиена ноќ кај младите луѓе, се зголемува нивото на протеини поврзани со Алцхајмеровата болест. Овие резултати сугерираат дека воспоставувањето на добри навики за…

Според една неодамнешна студија, по само една непроспиена ноќ кај младите луѓе, се зголемува нивото на протеини поврзани со Алцхајмеровата болест.

Овие резултати сугерираат дека воспоставувањето на добри навики за спиење за време на адолесценцијата може да помогне за да се спречи појавата на болеста во староста.

Луѓето со Алцхајмерова болест имаат два протеини во мозокот: бета-амилоид и тау. Претходните истражувања покажаа дека само една непроспиена ноќ ги зголемува нивото на бета-амилоид во мозокот, но засега не е познато што се случува со протеинот тау.

Докторот Џонатан Седернес од Универзитетот Упсала во Шведска и неговите колеги поканија 15 здрави млади мажи на просечна возраст од 22 години на клиника специјализирана за нарушувања во спиењето. Тие го мереле нивото на тау во крвта откако спиеле цела ноќ и по една непроспиена ноќ.

После непроспиената ноќ, кај младите мажи во просек за 17% пораснало нивото на тау, во споредба со зголемувањето од 2 проценти по добро проспиената ноќ, според New Scientist .

Научниците предупредуваат дека станува збор за мала и не толку репрезентативна студија и дека не е познато колку непроспиените ноќи влијаат врз жените. Но, ова откритие сепак ги потврдува претходните истражувања кои сугерираат дека луѓето со нарушени или нередовни модели на спиење, со поголема веројатност ќе развијат Алцхајмерова болест.

„Се надеваме дека ова истражување барем ќе им даде мало предупредување на младите за важноста да се добие доволно сон“, изјави Џонатан Цедернас.

“Потребни се повеќе истражувања за да се потврди дека лишувањето од сон го зголемува нивото на протеини во мозокот, бидејќи неговите нивоа во крвта не се нужно показатели за оние во мозокот. Повисоките нивоа на тау во крвта по непроспиена ноќ би можеле да укажат, на пример, дека ги отстранува протеините наместо да ги акумулира ”, додаде тој.

Ако се открие дека нивото на тау навистина се акумулира во мозоците на младите луѓе по недоволно спиење, понатамошните клинички испитувања треба да тестираат дали оптимизирањето на спиењето помага да се забави или да се спречи акумулацијата на овој протеин и, следствено, развојот на Алцхајмеровата болест.

Студијата под наслов ,,Ефекти од акутно губење на спиењето врз динамиката на дневната плазма на здравствените биомаркери на ЦНС кај млади мажи” беше објавена во списанието Neurology.


Related Articles