За разлика од физичкото насилство, емоционалното насилство може да биде толку суптилно или завиено, па често дури и самите жртви не можат да препознаат дека се подложени на истото во нивната токсична љубовна врска.
Имено, партнерите кои се емоционално насилни обично се преправаат дека се вљубени и тоа го прават сè додека не ја „поразат“ жртвата. И самата жртва ќе ги забележи знаците како што се навредување, критикување и понижување.
Таквото однесување кое се случува зад затворени врата, ја ослабнува самодовербата на жртвите, правејќи ги да бидат ранливи и тажни.
ВЕ ПОНИЖУВА ВО ЈАВНОСТ
Вашиот партнер ве понижува пред пријателите и ве обвинува дека сте премногу чувствителни доколку му кажете дека тоа ви пречи. Психолозите велат дека ова е знак за непочитување на партнерот.
НЕМАТЕ САМОДОВЕРБА
Некогаш сте биле полни со самодоверба, но во последно време сè почесто се омаловажувате со зборовите „колку сум глупава“ или „не сум вредна за ништо“.
СЕ ОБВИНУВАТЕ СЕБЕСИ
Личностите кои се емоционално малтретирани постојано се извинуваат и за мали грешки, па дури и за она што не се виновни.
Освен тоа, вашиот партнер постојано бара да му се јавите или да му испратите порака. Тој манипулира со вас и за тоа колку може да останете надвор со вашите пријатели.
Во ваквите врски, токсичниот партнер сака да ве раздели и од семејството. За нив секогаш ќе има некој негативен коментар и ќе ве убедува дека тој е сето она што ви е потребно.
Затоа, подобро е да бидете сами отколку во ваква тензична и штетна врска.