Какви се луѓето кои поради стрес добиваат висок крвен притисок?
Имаме две информации за вас, една добра и една лоша! Ќе започнеме со лошата. Високиот крвен притисок не се лекува со лекови. Точка. И добра вест е дека хипертензијата е само начин на реагирање на кризи, одговор на напнатост. Уште ако го промените и вашиот животен стил, симптомите ќе исчезнат!
Живот под притисок
Механизмот е следен. Ако хипоталамусот оцени за одредена ситуација дека е стресна, хормоните на стресот (адреналин и кортизол) почнуваат интензивно да се испуштаат во крвта на надбубрежната жлезда, срцето почнува да работи во подобрен режим и пумпа голема количина на крв под висок притисок, а капацитетот на садовите е мал. И тогаш се појавува хипертензивна криза. Понекогаш таквиот притисок е тешко да се намали дури и со таблети. На што ве потсетува ова?
Хипертензијата не е болест туку карактер! Што ги разликува луѓето кои имаат висок крвен притисок после стрес? Фактот дека сите овие луѓе мислат дека се силни: „Јас сум силен, можам да се справам со сите овие проблеми!“, „Од сите овие проблеми само станувам посилен!“
И забелешка: таквите луѓе обично не се воспитани да се спротивставуваат, да се лутат, да ја изразат својата фрустрација, туку да трпат и да се борат со тоа како знаат и умеат, а подоцна тоа се манифестира со покачен притисок.
Кризата го става целиот систем вон рамнотежа. Стресот го притиска телото, зголемувајќи го притисокот, но системот има тенденција да го балансира. И тогаш, се случува битка во телото и може да дојде до пробивање на крвните садови што може да заврши со мозочен или срцев удар!
Но, постои и хипотензија. Тоа е спротивната ситуација. Хипотоничната личност – првично не тврди дека е силна. Има многу малку енергија, чувствителна е на промените на временските прилики и има чести вртоглавици. Бидејќи срцевата активност, во ваков случај, е недоволна, срцето пумпа помалку крв, па затоа рацете и нозете на овие личности им ладни и тие честопати се чувствуваат поспано.
Крвта е витална енергија и храна за клетките, и ако срцето на некој човек пумпа помалку крв, тоа значи дека тој е помирен со настаните што му се случиле. Не му е грижа, па си вели: „Јас немам сила да се борам со тоа.“
Хипотоничната личност е личност чиј живот нема боја и ги негира проблемите. „Не ми е гајле што се случува“. Таа реагира на стресот со спиење.
И што да правиме со сето тоа?
За да реагирате нормално на стресот, сменете го начинот на кој комуницирате со светот. Но, за да го решите проблемот со хипертензијата, треба да си признаете себеси дека имате проблем, а не да мислите дека сте посилни од сè.