Телото постојано испраќа сигнали дека ни недостигаат витамини и минерали. Ова се некои препознатливи знаци кои најчесто ги занемаруваме, а на кои особено треба да обратиме внимание за да не преминат во сериозна болест.

ЛАДНИ РАЦЕ

Повеќето луѓе сметаат дека ладните раце се причинети од слаба циркулација, слаб имунитет или едноставно од студ. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека ладните раце честопати укажуваат на недостиг од јод.

Штитната желзда го искористува јодот за производство на хормони. Поголем дефицит од јод предизвикува болки и оток на тироидеата. Последниве години, количината на јодот во западната исхраната е намален за 50%.

Најдобрите извор на јод доаѓаат од морето: морски алги, туна, бакалар, шкампи. Но, и природно одгледаниот печен компир е богат со јод (со пржење и варење се губи).

СУВА КОЖА која се лупи

Најчестиот виновник е времето, сувиот воздух и централното греење. Но, кожата која се лупи може да биде последица и од недостиг на витамин А (ретинол). Витаминот А е клучен за обновување на клетките на кожата и регулира повеќе фактори на метаболизмот на клетките и нивниот раст. Уште од 1980 година е главна состојка во третманот против акни и псоријаза, бидејќи помага во регулирање на активноста на лојните жлезди.

Црвеното месо, морските плодови, рибиното масло, павлаката и путерот од кравјо млеко се одличен извор на овој витамин.

МЕКИ, РАЗЛИСТАНИ НОКТИ

Многумина веруваат дека е доволно само да се консумира калциум за да се зајакнат ноктите. Меѓутоа, недостигот на магнезиум исто така може да влијае врз квалитетот на ноктите, да предизвика висок крвен притисок, слабост и болки во мускулите.

Иако хипопаратироизмот (ослабена функција на паратироидната жлезда) е најчесто предизвикан од траума, меѓу другото го предизвикува и ниското ниво на магнезиум во организмот.

За да внесуваме повеќе магнезиум, јадете темнолистест зеленчук (спанаќ, блитва, кељ…), интегрални житарици, суво овошје, риба.

БЕЛИ ДАМКИ НА НОКТИТЕ

Може да биде знак за недостиг на цинк. Иако експертите не се сосем сигурни (едни велат дека тоа е недостиг на калциум, втори – на протеини, трети па, на сето наведено), нема да штети доколку го внесувате малку повеќе овој минерал, односно да грицкате малку повеќе јаткасти плодови, грав, печурки, спанаќ…

МАСНА, ЦРВЕНА КОЖА КОЈА СЕ ЛУПИ

Голем број луѓе патат од розацеа или егзема. Најчеста причина е недостиг на рибофлавин (витамин Б2). Сувата кожа и јадежот се типични симптоми, а проследени се со пукање и ранички на кожата, како и ранички околу усните и носот. Соја, спанаќ, јогурт и мисиркино се природен извор на овој витамин.

ИЗБРАЗДЕН, БОЛЕН ЈАЗИК

Нивото на витамин Б најлесно може да се следи на јазикот. Здравиот јазик е розов, мазен, без пукнатини и вдлабнувања. Но, доколку недостига Б, доаѓа до создавање на „кратери“. Стручниот назив за избразден јазик е lingua plicata.

Добро е да се знае дека витаминот Б3 е клучен за спречување на анемија, главоболка, висок холестрол и замор. За да го внесете овој витамин преку исхрана, јадете повеќе грашок, авокадо, кикирики и сончогледови семки.