Сигурно сте слушнале дека е штетно да се козумира премногу шеќер, но тоа не спречува речиси никого да го стават во шолја кафе или чај секое утро.
Тој доведува до зголемување на телесната тежина, предизвикува расипување на забите и го зголемува ризикот од појава на дијабетес. Сепак, постои уште еден многу силен негативен ефект – го нарушува спиењето.
Една студија од 2016 година откри дека луѓето кои консумираат многу шеќер имаат полесен сон и повеќе се немирни додека спијат. Според Мајкл Бреус, познат „доктор за спиење“ и инаку американски клинички психолог кој се занимава со нарушувања во спиењето, премногу шеќер се јаде подоцна во текот на денот, така што нивото на шеќер во крвта достигнува неконтролирани амплитуди. Ова има негативен ефект врз спиењето, а лошиот сон за возврат ќе создаде уште поголема желба за шеќер следниот ден. Ова затвора еден круг од кој што е тешко да се излезе.
„Кога јадете шеќер, нивото на шеќер во крвта се зголемува и панкреасот ослободува инсулин кој помага да се врати шеќерот во клетките и да им создава енергија“, вели нутриционистот Алекс Еванс.
“Ако јадете шеќер во доцниот дел од денот или пред спиење, тоа ќе ве стимулира и ќе ви даде енергија за следните активности, што не е она што се обидуваме да го направиме во текот на ноќта. Ние сме создадени за да ги исклучиме нашите функции на крајот на денот”, додаде тој.
Шеќерот троши многу од магнезиумот потребен за спиење. Поради оваа причина, чоколадото или кафето треба особено да се избегнува во вечерните часови. Научникот од Оксфорд, Пол Кели предупредува дека се потребни повеќе информации за да се утврди точната причинско-последична врска помеѓу лишување од сон и шеќерот.
“Дали потрошувачката на шеќер ве прави помалку дремливи или имате поголема потреба да јадете слатко заради пократкиот сон?” прашува Кели.
Тој вели дека на возрасно лице му требаат најмалку седум часа спиење. Спиењето помалку од тоа ќе резултира со краткорочни енергетски решенија, а комбинацијата на лоша исхрана и премалку спиење ќе го загрозат здравјето.
Исто така, кога немаме доволно радост во животот, имаме тенденција да се свртиме кон малите нешта што имаат позитивно, стимулирачко дејство врз нас, а шеќерот е едно такво решение. Охрабрувачка вест е дека оваа желба за шеќер може да се намали. Храната богата со растителни влакна може да помогне. Кога храната содржи растителни влакна, шеќерот во крвта се ослободува многу побавно и панкреасот добива заслужен одмор.
Храната што содржи триптофан, есенцијална аминокиселина, е одлична за подобрување на спиењето. Триптофанот го има во грав, леќа, интегрални житарки, сирење и месо. Триптофанот помага во производството на серотонин, познат како „хормон за среќа“. Една од работите што овој хормон ја прави е подготвување за здраво спиење.