Триглав Осигурување доброволното здравствено осигурување го воведе на македонскиот пазар уште во 2015 година и за нас тоа е стратешки производ, којшто постојано го надоградуваме. Ова е сегмент, кој што пружа огромни можности и има голем потенцијал. Триглав постојано работи на развојот на овој осигурителен сегмент и во обемот и во квалитетот на услугите кои што ги обезбедува, и веруваме дека токму нашиот пристап кон развојот на производите и услугите што ги нудиме, имајќи ги во фокус клиентот и неговите потреби, има најголемо влијание на успехот што го постигнуваме.
На почетокот на годината ги дополнивме производите за доброволно приватно здравствено осигурување со понудата на осигурување од малигни заболувања, производ кој ги третира најтешките проблеми на нарушено здравје на клиентите и кој има за цел материјално да ја покрие севкупната процедура на лекување на дијагностицирана малигна болест, почнувајќи од дијагноза, преку операции, до радио и хемотерапии, раскажува во денешното интервју Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав Oсигурување.