Лебот е производ што е важен за нашиот организам и влијае врз нашето здравје, но за оние што се обидуваат да ослабат или за луѓето што боледуваат од дијабетес, неговото консумирање може да биде контрапродуктивно.

Дали сте помислиле што би се случило со вашето тело кога целосно би ја исфрлиле оваа намирница од употреба?

Без разлика дали сте исфрлиле рафинирани житарки, цели зрна или јаглехидрати, резултатите може да варираат: некои се одлични и потполно очигледно, но некои и не се толку позитивни.

Губење килограми

Кога ќе го намалиме внесувањето јаглехидрати, најпрво ќе забележиме губење килограми. Но не сме изгубиле маснотии, туку тежината на водата што се собира во организмот.

Кога јаглехидратите во телото се во форма на гликоген, секој грам храна тежи три до четири пати повеќе од својата тежина во вода. Ако се откажете од јаглехидрати, телото ќе почне да ги троши резервите на гликоген, односно ќе изгубите голема количина вода.

Чувство на привиден грип

За телото да ги искористи маснотиите како гориво, најпрво мора да ги разгради на мали парчиња што се викаат кетони. Зголемениот број на кетони предизвикува лош здив, сува уста, замор, слабост, вртоглавица, несоница и мачнина. Ќе имате чувство како да сте фатиле вирус. Телото полека се прилагодува да функционира на кетони, па ќе престанете да се чувствувате лошо, но тие се’ уште не му се омилен извор на енергија на телото.

Зголемена потреба за благо

Преработените шеќери ја подигнуваат вредноста на шеќерот во големи размери за вредноста потоа нагло да се спушти. На тој начин се активира центарот за зависност во мозокот, водејќи кон постојана желба за слатки. Ако консумирате храна богата со влакна, ќе може да го одржите нивото на шеќер стабилно и да ја намалите потребата за благо.