Доколку забележувате како почнуваат да ви се појавуваат нови црвени точки на кожата, не плашете се. Сега можете да дознаете зошто тие се појавуваат и како да ги спречите да се прошируваат.
Овие црвени точки се нарекуваат ангиоми и се всушност мал бениген тумор составен од крвни садови. Постојат две главни причини за појава и развој на овие црвени точки:
Возраст. Кај поголемиот дел од луѓето ангиомите почнуваат да се појавуваат на возраст од 30 години и повеќе. Во овие случаи тие личат на мали кружни цреши и најчесто се појавуваат на телото, рацете и рамениците. Овие црвени точки се појавуваат како последица од обичните промени на кожата и крвните садови.
Здравствени проблеми или неправилен начин на живот. Доколку ангиомите иззгледаат како дамки и почнуваат васкуларно да се шират, тогаш можеби се знак дека имате проблеми со црниот дроб, хормонски нарушувања или васкуларни болести.
Доколку забележите дека некоја од црвените точки на вашето тело почне да го зголемува обликот, големината или почне да крвари, тогаш е најдобро веднаш да се консултирате со стручно лице. Ангиомите најчесто не се причина веднаш да отрчате во болница. Но, за да бидете сигурни дека сè е во ред не заборавајте да ги спомнете на следниот преглед.
Исто така, добро е да се погрижете да не се појавуваат нови ангиоми во иднина. Најдобар начин да ја спречите нивната појава е со здрава и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Пијте повеќе цедени сокови и поголемо количество на вода, јадете свеж зеленчук и не заборавајте на природните масти кои ги има во авокадото и маслиновото масло. Доколку конзумирате храна полна со хранливи материи ќе ја одржувате вашата кожа нежна и млада, а вашето тело здраво.