Некои мириси позитивно влијаат на нашата психа, а други помагаат во главоболка, релаксација, смирување.

Прочитајте кои мириси делуваат на што во однос на нашето здравје и психа.

Јасмин е билка со волшебен мирис чии молекули низ крвта доаѓаат до белите дробови. Таа е природна замена за лековите за смирување. Купката со мирис на јасмин ослободува од чувството на потешкотии и напнатост, а воедно има и моќ на афродизијак.

Зелена јаболка е неизбежна зимска арома, многу попријатна кога ја комбинирате со цимет. Ја ублажува мигрената и го опушта телото.

Чоколада, кој би можел да ѝ одолее? Кога ќе ја почувствувате автоматски се ослободува хормонот на среќа во мозокот, па после капењето во чоколада ќе се чувствувате феноменално.

Бадем е пријатен и нежен мирис , кој вдишувајќи го, ја намалува болката. Канадски истражувачи замолиле 20 мажи и 20 жени да ги стават рацете во врела вода и да ги држат се додека може да ја истрпат болката. За тоа време стручњаци во просторијата испуштале разни мириси. Кога жените го осетиле мирисот на бадем болката им се намалила за дури 38%. Кај мажите немало таква реакција.