Италијански научници од Националниот институт за заразни болести го изолираа новиот коронавирус, објавија италијанските медиуми.
– Ова е меѓународно значајна вест. Ова создава повеќе можности за разбирање и проучување на вирусот за да се спречи неговото ширење, рече италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза.
Институтот во Рим ќе ги стави на располагање овие резултати на други земји за да може истражувањето да продолжи. Експертите во светот веќе се во трка да ја развијат вакцината.
Со изолирање на вирусот, научниците во Рим добија чист микробен примерок од заразено лице наместо да ги одгледуваат во лабораторија.
Научниците од Римскиот институт испитуваат и неколку случаи за кои се сомневаат дека се коронавирус. Два случаи се веќе потврдени во Италија,а станува збор за кинески туристи кои се заразиле во матичната земја.
Научниците рекоа дека биле во можност да го изолираат вирусот во рок од 48 часа по дијагностицирањето.
Пред неколку дена, австралиски научници успеаја да создадат коронавирус во лабораторија.