Чоколадото е вкусна храна без која не би можеле да си го замислиме животот. А покрај тоа што е вкусно, нуди бенефиции по нашето здравје.
Здравствените бенефиции на чоколадото со големи, а подолу прочитајте уште неколку причини зошто е добро да јадете чоколадо, поточно што се случува во вашиот организам откако ќе изедете парче чоколадо?
По 10 минути:
– Ви се подобрува расположението со тоа што поттикнува создавање на сератонин во мозокот – одговорен за доброто расположение.
– Го подобрува протокот на крв до мозокот, за да ве подготви за поголема ментална активност.
– Го намалува крвниот притисок.
– Путерот од какао ги прекрива забите со заштитна облога, која го намалува ширењето на бактериите.
По 30 минути:
– Помага во смирување на кашлицата.
– Благодарение на антиоксидантите ја штики кожата од сонцето.
– Го храни нашето тело со витамини и тоа B1, B2, E, и со калциум, магнезиум, натриум, калиум и железо.
По неколку дена исхрана:
– Спречува појава на дијабетес
– Какаото го намалува нивото на стрес хормоните, а со тоа ја смирува аксиозноста.
– Ја намалува желбата слатки десерти, кои се нездрави за вас.
Со редовно консумирање:
– Се намалува ризикот за кардиоваскуларни заболувања.
– Ги прочистува крвните садови.
– Влијае позитивно на меморијата, а со тоа ја зголемува интелигенцијата.
– Го забавува процесот на стареење, благодарение на антиоксидантите кои што ги неутрализираат слободните радикали.
Доколку сакате да го извлечете максимумот од секоја чоколада, треба да запаметите дека најдоброто чоколадо е она што содржи 70% или повеќе какао. Ограничете ја количината на еден ред дневно – поголема количина може да предизвика здебелување, поради маснотиите и шеќерите што ги содржи.